Технологија што никогаш нема да умре

Објавено на 23.11.2015 во Новости



Технологија што никогаш нема да умре

Cnet креирал список од 5 видови на технологија, што никогаш нема да исчезнат. 

Контрола со гестови – компјутерите веќе одамна ги контролираме со тастатура и глувче, но гестовите се поинтересни, а тоа сте го искусиле ако имате користено Wi joystick, Microsoft Kinect, Power Glove ракавица и слични производи.

Смарт часовници – пред неколку години одредени часовници имаа футуристички дизајн, а тоа беше јасно дека истите еволуираат и така настанаа паметните часовници. Освен функционалноста, часовниците се пријатен моден додаток. 

Stylus – пенкало за дигитално пишување на екрани чувствителни на допир. Првото такво пенкало е претставено пред 10 години. 

Виртуелна стварност (VR) - компјутерска симулација со реално опкружување, со што доживувате физичка присутност во некој паралелен реален свет. 

3D технологија – зачетокот на оваа технологија е пред 60 години, а направена е со цел да ги привлече луѓето во Кина. Пред неколку години се појавија 3D филмовите со напредни 3D наочари со поларизирани стакла.