Twist - заразна и супер популарна игра

Објавено на 23.11.2015 во Новости



Twist - заразна и супер популарна игра

Twist е игра за смартфони, која за кратко време се најде на врвот на најпопуларни iTunes апликации. Играта е креирана од компанијата Ketchapp, која претходно ја создаде хит играта 2048. Целта на Twist е да ја префрлувате топката од платформа на платформа и да внимавате да не падне. Ако згрешите, играта завршува и почнувате од почеток.

Twist нема крај исто како Temple Run, а нејзината цел е да дојдете до што поголем резултат. Собирањето на дијаманти ќе ги отклучува другите топки и бојата на платформата, поради што многумина ја споредуваат Twist со играта Tempest. Ако сте убедени дека сакате да ја играте, можете бесплатно да ја преземете играта овде за Android, а овде за iOS уреди.