Бизнис верзијата на Facebook со мобилна апликација Work Chat

Објавено на 23.11.2015 во Android



Бизнис верзијата на Facebook со мобилна апликација Work Chat

Facebook at Work неодамна профункционира како посебен сервис на социјалната мрежа наменет за комуникација, организација и споделување на податоци на работното место, со тоа што приватните статуси и пораки се суспендираа, а сега е лансирана и посебната мобилна апликација наречена Work Chat и е многу слична на Facebook Messenger.

Со Facebook Work Chat се обезбедува безбедна комуникација со колегите во поединечни или групни пораки, можност за воспоставување на аудио и видео повици, како и споделување на слики и документи. 

Практично се е исто како и кај „приватниот“ Facebook со тоа што се поставува прашањето дали воопшто на бизнисот му е потребна посебна апликација кога и онака Work Chat може да се искористи за трачеви и приватни муабети, а не за работа. Во секој случај, доколку сте заинтересирани може да ја превземете од Play Store за Android, а верзијата за iOS се уште е во изработка.

Автор: Aleksandar Stankov