Bitwalking - апликација што ви плаќа за да се движите
Замислете, постои апликацијата Bitwalking, за да ви плаќа што ќе одите, а притоа го подобрувате вашето здравје. Така придонесувате за подобрување на вашата финансиска состојба. Bitwalking е дигитална валута, со која корисниците добиваат по 1 BW долар (Bitwalking dollar) за секое 10.000 чекори. Добиените пари може да се потрошат во онлајн продавница или да се замени за готовина.
Нисан Бахар и Френки Имбеси се креаторите на апликацијата, кои нагласуваат дека секој треба даи ма слобода и можност за заработка на пари. Bitwalking овозможува секој чекор да има своја вредност, без разлика каде се наоѓате или кој сте. Најважно е колку одите и апликацијата има повисока цел – да го промени животот на луѓето во сиромашните земји, кои пешачат по неколку километри до училиштето или работата. Затоа Малави и Кенија се првите земји вклучени во лансирањето на овој проект. За да ја добиете апликацијата, мора да се регистрирате на официјалната страница.