Откриен моќниот ZTE Nubia Z11 кој се подготвува за зимски поход

Објавено на 23.11.2015 во Новости



Откриен моќниот ZTE Nubia Z11 кој се подготвува за зимски поход

ZTE со сите сили се обидува да се наметне како квалитетен и доверлив кинески бренд на мобилни телефони и повторно ќе настапи во премиум класата со врвни компоненти и висока естетика на дизајнот во 2016-та. 

Нешто порано по некоја случајност протекоа и првите слики од следниот моќниот ZTE Nubia Z11 кој ќе има метално тело со екстремно тенка рамка, мала заобленост на рабовите и скенер за отпечатоци. За Nubia Z11 се претпоставува дека веќе е резервиран супер моќниот Snapdragon 820 процесор, а ќе располага и со многу врвни хардверски елементи.