Со Opera Max безгрижно ќе стримате музика и ќе заштедите на интернет

Објавено на 23.11.2015 во Android



Со Opera Max безгрижно ќе стримате музика и ќе заштедите на интернет

Мобилната верзија на Opera Max располага со опција со која на корисниците кои постојано слушаат музика преку стриминг апликациите или онлајн радијата ќе им заштеди многу од месечната сметка за мобилен интернет. 

Opera Max врши компресија на онлајн музичките фајлови, но притоа го задржува високиот аудио квалитет како кај MP3 кои се ковертираат во многу поефикасниот AAC+ кодек. Со помалото трошење на интернет сообраќај ќе може да одвоите повеќе време во слушање на музика и нема да се грижите дали сте го надминале месечниот лимит.

Апликацијата Opera Max може да ја превземете од Play Store за Android.

Автор: Aleksandar Stankov