Nexus 6P со астрономска цена лансиран во Европа

Објавено на 24.11.2015 во Новости



Nexus 6P со астрономска цена лансиран во Европа

Google преку својата онлајн продавница за прв пат го понудува новиот премиум фаблет Huawei Nexus 6P кој има почетна цена од неверојатни 649 евра за моделот од 32 GB, додека пак додатната меморија од 64 GB ќе ве чини дури 799 евра, со што се добива досега најскапиот Nexus смартфон и правилото за делумно субвенционирање на сумата веќе не важи.

Nexus 6P е прилично квалитетен 5.7 инчен Quad HD смартфон кој работи со осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 3 GB RAM, 12 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3450 mAh но, најважен е софтверот бидејќи овие уреди на Google секогаш први ги добиваат новите верзии на Android и имаат најфлуиден интерфејс што ги прави многу атрактивни за користење. 

Во секој случај ќе почекаме Huawei Nexus 6P да биде понуден преку операторите или пак по пониски цени преку онлајн дистрибутерите.