OnePlus 2 со отворен продажба без покани само од 27 до 30 ноември

Објавено на 24.11.2015 во Новости



OnePlus 2 со отворен продажба без покани само од 27 до 30 ноември

OnePlus најави дека само во рокот од 27 до 30 ноември сите заинтересирани купувачите ќе може да го нарачаат новиот премиум смартфон OnePlus 2 без потреба од покана која е услов од веќе воспоставениот систем на продажба. 

Идејата зад OnePlus 2 е да се понуди екстра премиум смартфон со 5.5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен Snapdragon 810 процесор, 4 GB RAM, 13 MP камера и батерија од 3300 mAh по многу ниска цена од само 400 долари.

Поводот за отворената продажба е Black Friday или денот на шопинг пред американскиот празник Ден на благодарноста со тоа што пристап ќе имаат сите купувачи.