Google - 1.500 барања во минута за отстранување на URL адреса!?

Објавено на 24.11.2015 во Новости



Google - 1.500 барања во минута за отстранување на URL адреса!?

На таканаречениот "dark web" владеат криминалот и илегалните активности, кои се многу позастапени од легалните веб страници. Пиратеријата или кршењето на авторските права нуди содржина на која не е реален креатор и сопственик, за која мора да плати, а сепак ја пишува и објавува. И покрај сето тоа, домејните се легално регистрирани. Вечната борба меѓу пиратите и сопствениците на авторски права трае уште кога постои вебот, и ќе трае додека постои. Едни тврдат дека пиратите мора строго да се казнат, а пак други велат дека тоа е добро за сиромашните луѓе, на кои им се обезбедува бесплатна содржина, што на некој начин се претставува како модерниот Робин Худ.

Google има исклучително важна улога во целата приказна, бидејќи Google се уште е апсолутно најважен и најпосетен пребарувач. Преку Google се бараат секакви содржини, и тие што се плаќаат и тие што не се плаќаат, затоа се бунтуваат корисниците - пиратериски содржини се појавуваат при резултатите од пребарувањето на Google. Овде лежи зајакот, бидејќи сопствениците на авторски права секој ден бараат отстранување на пиратските веб страници од Google. Последниов месец Google примал точно 65.122.023 барања за отстранување на URL веб адреси од резултатите на пребарувањата. Сите овие барања се однесуваат на вкупно 72.207 домејни, кои нудат пиратериска содржина. 

Сите овие барања биле поднесени од 5.492 сопственици на авторски права, односно 2.514 организации што се занимаваат со заштита на авторски права. Ако ја анализираме бројката 65 милиони на месечно ниво во помали временски интервали, Google секој ден прима по 2 милиони и 160 илјади барања за отстранување на URL, што значи дека секој час прима по 87.500 барања, односно по 1.500 барања во минута и 25 барања секоја секунда. Цифрите се доволен доказ дека и понатаму продолжува жестоката борба, за која мора да се бара решение. 

Автор: Aleksandar Stankov