Star Wars - разбудете ја вашата внатрешна моќ

Објавено на 24.11.2015 во Новости



Star Wars - разбудете ја вашата внатрешна моќ

За помалку од еден месец не очекува светска премиера на филмот Star Wars The Force Awakens, а во негова чест Google подготвил изненадување за сите фанови на серијалот.

Сите корисници ќе имаат прилика да го променат изгледот на своите Google апликации и сервиси како што се Gmail, YouTube и други, користејќи ги позадините и мотивите на Star Wars серијалот.

Доволно е да се логирате на Gmail на страницата https://www.google.com/starwars/ и потоа да ја одберете страната на силата што најмногу ја посакувате - светлата или мрачната. 

YouTube барот што го прикажува видеото ќе ја промени бојата во црвена или сина, зависно од страната што ќе ја одберете. Интересно изненадување има и зад иконката за зголемување и намалување на звукот. Gmail доби позадина од новиот Star Wars, а Google Chrome комплетно нова тема. Повеќе детали на овој линк.