Xiaomi Redmi Note 3 пристигна со метално тело и мега батерија
Објавено на 24.11.2015 во Новости
Xiaomi го промовираше новиот супер фаблет Redmi Note 3 кој е прв во нивната понуда со целосно метално тело, а располага и со скенер за отпечатоци сместен на задната страна.
Redmi Note 3 има 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи со осум-јадрен Helio X10 MediaTek процесор, избор од 2 GB RAM и 16 GB меморија или 3 GB RAM и 32 GB меморија, како и одлична батерија со капацитет од 4000 mAh.
Новиот фаблет има 13 мегапикселна камера, но му недостасува слот за мемориска картичка. Xiaomi Redmi Note 3 може да се пофали и екстремно ниската цена од само 150 долари.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.