ZTE Blade S7 ќе доминира во средната класа

Објавено на 24.11.2015 во Новости



ZTE Blade S7 ќе доминира во средната класа

ZTE ќе се обиде да се наметне и во средната класа со доминантен смартфон како ZTE Blade S7 кој доаѓа со 5 инчен Full HD дисплеј, дизајн кој мора малку да признаеме дека личи на Galaxy S5, а располага и со 13 мегапикселна камера со автофокус на задната, како и на предната страна за уште подобри селфи фотки.

ZTE Blade S7 работи со осум-јадрениот Snapdragon 617 кој нуди подобрени перформанси во средната класа, помогнат од 3 GB RAM, 32 GB меморија, како и нов MiFavor 3.2 интерфејс базиран на Android 5.1.1 Lollipop оперативниот систем. „Остриот“ ZTE Blade S7 ќе чини само 280 долари што е прилично солидна цена за средната моќна класа.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: