Google - веднаш напишете ја оваа Star Wars фраза!

Објавено на 25.11.2015 во Новости



Google - веднаш напишете ја оваа Star Wars фраза!

Google продолжува со подготовките за премиерата на филмот Star Wars: The Force Awakens. На својот интернет пребарувач сега поставил една интересна и тајна опција. Ако ја внесете најпознатата фраза со која започнува секој Star Wars филм на Google, ќе се случи нешто фасцинантно.

Фразата е следната: “a long time ago in a galaxy far far away”.

После внесувањето на споменатата реченица, резултатите од пребарувањето ќе покажат црна позадина со жолт текст во позадина со ѕвезди, што е воведот со кој започнува секој дел од Wars.