Првите постери за Huawei Mate 8 откриваат нов шампион

Објавено на 25.11.2015 во Новости



Првите постери за Huawei Mate 8 откриваат нов шампион

Huawei ги ужива моментите на славата со веќе успешната P серија на смартфони, а сега го подготвува и нов Mate 8 фаблет чии постери веќе протекоа во јавноста пред официјалната промоција.

Од Mate 8 кој веќе подолго време го чекаме ќе понуди 6 инчен Full HD дисплеј, ќе работи со новиот моќен осум-јадрен HiSilicon Kirin 950 процесор, 3 GB RAM, 64 GB меморија, 16 мегапикселна камера, 8 мегапикселна селфи камера, како и супер батерија со капацитет од околу 4000 mAh. Официјалната промоција ја очекуваме наскоро.