Топ комбинација - Nokia C1 ќе работи и со Android и со Windows 10

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Топ комбинација - Nokia C1 ќе работи и со Android и со Windows 10

Долго очекуваниот нов смартфон на Nokia покрај тоа што привлекува внимание бидејќи компанијата се враќа на пазарот, ќе биде и интересен за следење бидејќи новите информации откриваат дека ќе работи со два оперативни системи, Android и Windows 10. 

Погледнете го новиот Nokia C1 смартфон по долго време

Nokia C1 протече во јавноста со нова слика која веќе го потврдува почетниот дизајн со рамна задна површина, како и тенка рамка околу екранот на предната страна, но повеќе детали за хардверот се уште не се познати. Промоцијата на Nokia C1 ја очекуваме во текот на првиот квартал од 2016-та.