Лансиран LG Ray како евтино 3G решение

Објавено на 26.11.2015 во Новости



Лансиран LG Ray како евтино 3G решение

Во време кога веќе се размислува за 5G технолологија LG Mobile лансираше специјализиран 3G смартфон наменет за пазарите во развој. Новиот LG Ray има само 3G конекција, доаѓа со 5.5 инчен 720p HD дипслеј, работи со осум-јадрен процесор, 1 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера и 8 мегапикселна селфи камера.

Батеријата на LG Ray има солиден капацитет од 3000 mAh. Цената на LG Ray треба да изнесува околу 200 евра и ќе се најде на селектирани пазари, па што мислите дали вреди да се инвестира во 3G смартфон.
 

Автор: Aleksandar Stankov