Најавен супер моќниот Huawei Mate 8 фаблет со метално тело

Објавено на 27.11.2015 во Новости



Најавен супер моќниот Huawei Mate 8 фаблет со метално тело

Huawei пред самиот старт на новогодишната празнична сезона го најави новиот супер метален фаблет Huawei Mate 8 кој поседува 6 инчен Full HD дисплеј и тенко тело од 7.9 милиметри, тенка рамка околу дисплејот за поефикасно држење и скенер за отпечатоци сместен на задната страна.  

Huawei Mate 8 работи со најновиот осум-јадрен HiSilicon Kirin 950 процес од сопствено производство со Mali T880MP4 GPU, импресивни 4 GB RAM, избор од 64 или 128 GB вградена меморија, 16 мегапикселна камера, како и мега батерија со капацитет од 4000 mAh. 

Интернационалната верзија на Huawei Mate 8 ќе биде промовирана во јануари за време на CES 2016, па пишете ни како ви се допаѓа за почеток.