Вип прв го донесе најновиот HTC One A9 со Android Marshmallow

Објавено на 27.11.2015 во Новости



Вип прв го донесе најновиот HTC One A9 со Android Marshmallow

Македонскиот оператор Вип прв успеа да го донесе атрактивниот нов смартфон HTC One A9 кој за HTC претставува нов обид да покаже многу во дизајнот и естетиката, како главни адути и со новите технологии да се наметне кај купувачите. Вип по само неколку недели од светската промоција на HTC One A9 го обезбеди за македонските корисници кои од денес ексклузивно ќе може да го најдат во сите продажни салони на брендот Вип.

Престижниот HTC One A9, со компактен дизајн, уште подобра камера и прв  паметен телефон на HTC со најновиот Android 6.0 Marshmallow оперативен систем, чија популарност и бараност расте секој ден, за корисниците е достапен во VipNo limit тарифниот план за склучен договор на 24 месеци и тоа за еднократен надомест од 11.999 денари или на 24 месечни рати од 499 денари преку потрошувачки кредит во соработка со НЛБ Тутунска банка.

HTC One A9 е изработен целосно во метал, надополнет со 5-инчен екран што и ја создава елеганцијата на телефонот. 13 мегапикселната камера овозможува кристално јасни фотографии, додека предната Ultra Pixel камера овозможува јасно селфи, дури и на најтемни места.

5- инчниот edge-to-edge дисплеј со целосна HD резолуција овозможува живописно и извонредно доживување на сите видео содржини, со дури 40% повеќе бои отколку стандардниот LCD екран.

Dolby Audio Surround системот овозможува висок 24- битен звук. Додека, со  Quick Charge 2.0 технологијата, HTC One A9 за само неколку минути е подготвен за 7 часовно слушање музика,а со само еден допир овој Android 6.0. телефон ја нуди можноста  за двојно побрзо симнување на филмови, музика, слики, одговори на повици и пораки.

HTC One A9  едостапен во две бои Carbon Gray и Opal Silver.

Наскоро HTC One A9 ќе биде достапен и во продажните салони под брендот ОНЕ. 

За повеќе информации за оваа понуда корисниците можат да ја посетат веб страницата www.vip.mk или да се јават во контакт центарот на 077 1234.





Прочитајте повеќе: