Google прави мајмуни од човекот со Doodle!?

Објавено на 27.11.2015 во Новости



Google прави мајмуни од човекот со Doodle!?

Google пред неколку дена објави кратка анимација на својот Doodle за еволуцијата на човекот. Причината за тоа била 41 годишнината од пронаоѓањто на австралопитекусот Луси. Овој потег не им се допаднал на многу корисници, кој бил посветен за едно од најважните откритија во историјата. 

„Google мисли дека настанавме од мајмунот. Не! Бог не создаде по примерок од себе“, напишал корисник на Twitter.

Гневните корисници се револтирани затоа што Google пропагирал еволуција на својот пребарувач, бидејќи тие веруваат дека Бог го создал светот за една недела, а човекот на шестиот ден по уникатен примерок. Затоа еволуцијата од човеколик мајмун ја сметаат за навредлива, како и поради нивните религиски ставови.

На анимацијата имало мајмунско суштество. Благодарение на добрата зачуваност на пронајдениот костур, утврдено е дека Луси навистина се движела низ земјата на тогашна Етиопија пред 3.2 милиони години.