Тајни операции на телефонот што ви трошат батерија и интернет

Објавено на 28.11.2015 во Android



Тајни операции на телефонот што ви трошат батерија и интернет

Голем број на Android апликации имаат тајно комуницирање без никаква корист за корисниците, покажал извештајот на MIT и компанијата Global InfoTek. Со истражувањето е извршена опсежна анализа на најпопуларните Android апликации, со кои е откриена голема количина на позадинска комуникација. Оваа појава води кон зголемено трошење на батеријата и интернетот.

Според резултатите, дури 62,75% од комуникациите на најпопуларните апликации, се класифицирани како прикриени, а со блокирањето не се откриени негативни ефекти врз работата од истите. Во одредени случаи, прикриената комуникација е поврзана со библиотеките за анализа и рекламирање, а нивниот удел е 43% од вкупниот број на прикриени информации. Се разбира, ова однесување има големо влијание врз приватноста на корисниците.