Cortana ќе ви асистира на iPhone - Може ли да ја замени Siri
Објавено на 28.11.2015 во Новости
Може ли да замислите свет во кој гласовната асистентка Siri на Apple е заменета од конкурентна и можеби подобра апликација. За тоа ќе се потруди Microsoft кој работи на бета верзија на Cortana дигиталната асистентка за iPhone и софтверот треба наскоро да пристигне за тестирање кај првите корисници.
Cortana одлично функционира на Windows, има напреден систем за препознавање на говорни команди, врши автоматизирани процеси на поврзување и информирање, а може да кажува и шеги, па некои проценуваат дека има подобра смисла за хумор дури и од Siri. Што мислите вие, дали Cortana ќе биде „посекси“ за корисниците на iPhone, ќе и дадете ли шанса.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.