Анонимуси хакирале сајт на ISIS - поставиле реклама за Вијагра

Објавено на 29.11.2015 во Новости



Анонимуси хакирале сајт на ISIS - поставиле реклама за Вијагра

Анонимуси ја продолжуваат војната против ISIS, овој пат нападнале веб-страница на Исламските држави и на истата објавиле порака „да се смират“. 

Освен тоа, поставиле и реклама за онлајн аптека, која продава Вијагра. Страниците на ISIS се на “dark web” за да не бидат откриени. Хакерската група Ghost Sec е овој пат заслужна за последнава акција, која е поврзана со Анонимуси. 

Соборувајќи ја страницата, хакерите напишале дека ISIS се веќе премногу застапени. Соборената страница е само една од низата други што биле хакирани со ISIS пропагандата. Допрва останува да видиме како ќе се одвива сајбер војната, која се чини дека сега се вжештува и кулминира. 

Одозгора е видеото што неодамна го објавија Анонимуси, со кое и објавија војна на Исламската држава.