Почнува Cyber Monday, загрејте ги кредитните картички за шопинг

Објавено на 29.11.2015 во Новости



Почнува Cyber Monday, загрејте ги кредитните картички за шопинг

За разлика од традиционалниот шопинг празник Black Friday кога има огромни турканици, инциденти, лажни попусти и многу трговски трикови, на Cyber Monday ситуацијата е многу почиста.

Сите брендови за потрошувачка електроника нудат навистина добри зделки за уреди од оваа или минатата година и доброто е што може да ги порачате онлајн без да се туркате во маркетите. Затоа следете ги онлајн продавниците на Amazon, eBay и Alibaba кои се најпроверени и добро проаѓаат на македонскиот пазар па може да сретнете одлични понуди. 
 





Прочитајте повеќе: