Наследникот на Samsung M20 би можел да добие батерија од 6000mAh

Објавено на 12.08.2019 во Новости



Наследникот на Samsung M20 би можел да добие батерија од 6000mAh

Се уште никој не успеа да развие смартфон со батерија што ќе трае подолго време. Просечниот корисник поминува часови со телефонот во рака, на кој батеријата го држи само еден ден. Во Samsung се обидуваат да развијат батерија со огромен капацитет.

Така на интернет се појави информација дека јужно-корејската компанија развива батерија со капацитет од 6000 mAh. Првиот телефон на Samsung со ваква батерија ќе биде M20S, наследникот на моделот од средна категорија - M20, кој беше објавен на почетокот на 2019, кој има батерија од 5000mAh.