iPhone може да се хакира само со праќање на една порака

Објавено на 12.08.2019 во Новости



iPhone може да се хакира само со праќање на една порака

Смартфоните на Apple се сметаат за побезбедни од Android, но во денешно време ниту еден уред, ниту сервис, не можеме да го сметаме за потполно безбеден.

Експертот за безбедност, Natalie Silvanovich, за време на конференцијата Black Hat во Лас Вегас, открила дека iPhone е ранлив и може лесно да се хакира. Таа открила големи пропусти во iMessage апликацијата, која може да преземе контрола над телефоните на Apple или да пристапи кон приватните податоци на нив. Тоа може да се случи и без да направат ништо корисниците на iPhone. Доволно е само хакерот да прати порака, која и корисникот не мора да ја отвори, со која ќе дојде до преземање на контрола над уредот и личните податоци. 





Прочитајте повеќе: