Народна Банка дозволува на Македонците да отворат PayPal

Објавено на 14.08.2019 во Новости



Народна Банка дозволува на Македонците да отворат PayPal

Реализиран е работен состанок меѓу Венко Глигоров од Логин Системи и Гувернерката Анита Ангеловска Бежоска од НБРМ, за размена на информации и искуства околу воведувањето на PayPal во Македонија. НБРСМ направи предлог-одлука за начинот и условите за резидентите да може да отвараат сметки во странство. 

Што значи тоа? Народна Банка со тоа дозволува користење на PayPal акаунт во оваа земја за продажба на производи и услуги во цел свет. Веќе нема да има проблем сите домашни граѓани на РМ и компании да отворат сопствен акаунт на познати компании за електронска трговија. Предлог-одлуката би требало да биде усвоена на 29 август, 2019 година од Советот на НБРСМ. 





 
Најнови телефони
 
 


{}