Google ги отстранува лозинките за 1,7 милијарди Android корисници

Објавено на 14.08.2019 во Android



Google ги отстранува лозинките за 1,7 милијарди Android корисници

Microsoft најави дека ги укинува лозинките за корисниците на Microsoft, а истата информација доаѓа и од Google. Над 1,7 милијарди Android корисници наскоро нема да ги внесуваат комплицираните лозинки, туку „нови безбедносни технологии“.

"Google со радост најавува дека идентитетот ќе биде потврден користејќи отпечаток од прст или примерок за заклучување на екранот, наместо лозинки“, официјално соопшти Google.

Уште не е познато какви услуги ќе користат биометриските идентификатори, но факт е дека наскоро ќе треба да само да го регистрираме својот отпечаток од прстот и така да влегуваме на нашите интернет сервиси.