Историјата ќе беше друга - Кој сакал да ги купи Facebook и YouTube во 2006

Објавено на 16.08.2019 во Новости



Историјата ќе беше друга - Кој сакал да ги купи Facebook и YouTube во 2006

Пазарната вредност на Facebook моментално е над 500 милијарди долари, а YouTube е тежок 160 милијарди долари. Двете компании доминираат на пазарот за онлајн рекламирање и од квартал до квартал свртуваат по милијарди долари.

Нивната перспектива и потенцијал уште од минатата деценија ја забележаа бројни компании, а меѓу нив беше и AOL, чии шефови уште од 2006 година водеа преговори со YouTube и Facebook за потенцијална аквизиција. Извршниот директор на AOL, Џон Милер, водел преговори со години со Марк Цукерберг за купување на 20% од уделот на компанијата. Сега тој дел би тежел 80 милијарди долари. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}