Nokia 7.2 рендери се појавија: Тенок дизајн, тројна камера и засек

Објавено на 19.08.2019 во Новости



Nokia 7.2 рендери се појавија: Тенок дизајн, тројна камера и засек

Како што минува времето се повеќе рендери излегуваат за Nokia 7.2. HMD Global веќе ги најави новите модели за 5 септември, еден ден прд IFA 2019 саемот. Се очекува три нови смартфони да излезат: Nokia 5.2, Nokia 6.2 и Nokia 7.2, кои најверојатно почнуваат со продажба една недела подоцна.

Неколку слики плус ни демонстрираат како ќе изгледа Nokia 7.2 - одлично и тенко дизајниран, со засек на предниот панел, 3.5мм џек за слушалки, Qualcomm Snapdragon 660 процесор и импресивна тројна задна камера со 48MP главен сензор.

Автор: Aleksandar Stankov