По 10 дена стигна првата надградба за Galaxy Note 10
Објавено на 20.08.2019 во Новости
Samsung Mobile по само десетина дена ја лансираше првата софтверска надградба за најновиот премиум фаблет Galaxy Note 10 па така сите корисници кои допрва ќе го купат моделот од старт ќе добијат обновен и подобрен софтвер.
Софтверската надградба е прилично мала и зафаќа простор од 300 MB, но со неа носи повеќе подобрувања за Galaxy Note 10 во делот на перформансите на скенерот за отпечатоци, квалитетот на камерата и фидбекот од командите со допир на екранот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.