Откриен капацитетот на батериите на Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro

Објавено на 20.08.2019 во Новости



Откриен капацитетот на батериите на Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro

Huawei се подготува за пласман на следната генерација на премиум фаблети Huawei Mate 30 кои ќе понудат врвни перформанси и најмоќни компоненти кои ќе бидат силна конкуренција на пазарот.

Според најновите информации новите модели Huawei Mate 30 и Mate 30 Pro ќе имаат одлични батерии за активна работа од два дена.

Основниот модел Huawei Mate 30 ќе пристигне со капацитет на батеријата од 4200 mAh, додека пак Mate 30 Pro моделот ќе има уште поголема батерија со капацитет од 4500 mAh за поддршка на работата на напредниот Kirin процесор, 5G конекција и огромен екран.