Основачот на Huawei: Спремни сме за доминација во светот!

Објавено на 21.08.2019 во Новости



Основачот на Huawei: Спремни сме за доминација во светот!

На Huawei му требаат борбен менталитет и војници што се спремни да излезат на пазарот за да ја преживеат оваа тешка ситуација. Тоа го кажа Рен Женгфеи, во порака за вработените на Huawei, која беше објавена и во јавноста.

Бизнис климата за Huawei не беше многу добра и нереална за Рен, затоа што тој вели дека многу американски компании после забраната се солидаризирале и плаќале навремено со цел да помогнат. Порано мислеше дека ќе има 2 години стагнација поради забраната на Трамп, но сега ја променија стратегијата и сакаат да ги исполнат амбициозните цели. Се уште не се знае дали ќе се соработува со Америка, иако соработката е продолжена за нови 90 дена. 

Женгфеи е сигурен дека ако се издржи оваа ситуација, ќе се роди нова војска што ќе доминира во светот. Ќе има нов оперативен систем за бројни уреди: смартфони, телевизори, IoT уреди, носечки уреди и друго. Наводно се спрема и сопсвена мапа и навигација за замена на Google Maps.