Huawei Honor лансираше нов Gamepad за смартфони

Објавено на 21.08.2019 во Новости



Huawei Honor лансираше нов Gamepad за смартфони

Huawei Honor брендот претстави нов Snap-on Gamepad за смартфони кој ќе им биде од голема корист на гејмерите кои играат мобилни видео игри за подобра контрола и подобри резултати.

Honor новиот додаток за смартфони го претстави во Келн на Gamescom 2019 конференцијата. Snap-on се поврзува со смартфонот преку Bluetooth, а има сопствена батерија со капацитет од 400 mAh што ќе обезбеди дополнителна енергија за долготрајни сесии со видео игри.