Nokia 7.2 се појави со кружна камера со троен сензор

Објавено на 21.08.2019 во Новости



Nokia 7.2 се појави со кружна камера со троен сензор

За прв пат се појави со неофицијален рендер кој открива дека претстојниот квалитетен смартфон на HMD во средната класа Nokia 7.2 ќе ина кружна главна камера на задната страна со троен сензор.

Камерата на Nokia 7.2 ќе биде составена од примарна леќа со 48 мегапиксели, леќа со ултра широк агол, како и една леќа за длабочина на фокусот и негово прилагодување во живо или во пост-продукција. 

Под прстенот на камерата ќе се наоѓа и скенер за отпечатоци од прсти исто така во кружна форма. Nokia 7.2 се очекува да пристигне следниот месец за време на IFA 2019 во Берлин.