Тим Кук на состанок со Трамп: Apple ќе падне на сметка на Samsung

Објавено на 22.08.2019 во Новости



Тим Кук на состанок со Трамп: Apple ќе падне на сметка на Samsung

Доналд Трамп направи хаос на технолошкиот пазар, со ставањето на Huawei на црната листа на компании, со кои американските компании не смеат да соработуваат и со наметнување царини за кинеската роба. Со последново многу и наштети на американската компанија Apple.

По тој повод извршниот директор на Apple, Тим Кук, минатата недела разговараше со Трамп како новите царини ќе влијаат врз компанијата. Тоа ќе ги стави во лоша позиција во споредба со најголемиот ривал на Apple – Samsung. Samsung не мора да плаќа царините што ги плаќа Apple, па така ќе се намали конкурентноста на американската компанија. Новите царини сепак нема да влијаат врз новите модели на iPhone, оти почнуваат да важат од декември. 





 
Најнови телефони
 
 


{}