Колкава би била цената на Apple TV+, ривалот на Netflix

Објавено на 22.08.2019 во Новости



Колкава би била цената на Apple TV+, ривалот на Netflix

Перфектно јасно му е на Тим Кук дека Apple не може да живее само од продажба на iPhone, особено сега, кога му се заканува пропаст поради покачување на цените за царините. Сервисот за пристап кон вести е веќе достапен за корисниците, но за гејмерскиот сервис Arcade, и стриминг сервисот Apple TV+ се уште ги немаме сите информации.

Се уште не ги знаеме официјалните цени и месечната претплата. Меѓутоа, тајни извори велат дека Apple за Apple TV+ ќе бара 10 долари месечно после истекот на бесплатниот период, кој почнува од месец ноември. Apple наводно ќе потроши 6 милијарди долари за оригинална содржина, што е помалку од 15-те милијарди долари на Netflix. Се уште не е познато дали лиценцираната содржина ќе биде достапна и за други компании, или ќе биде само оригинална содржина за Apple.

Автор: Aleksandar Stankov