Google го става Android на диета од „благо“

Објавено на 23.08.2019 во Новости



Google го става Android на диета од „благо“

Google со јубилејната десетта верзија на оперативниот систем Android донесе одлука повеќе да не користи десерти за прекари на софтверските надградби кои мора да се признае до пред некоја година беа доста симпатични, па дури имаше и онлајн натпревари кое слатко да се најде како име на софтверот за смартфони.

Сега следната верзија на Android Q ќе биде едноставно именувана Android 10, па така за прв пат софтверот на Google ќе нема сладок прекар.

Имиња како Ice Cream Sandwich, Jelly Bean, KitKat, Marshmallow и останатите ќе останат запаметени како иконски, но со глобалната достапност на Android добар дел од корисниците не го знаат нивното значење. 





Прочитајте повеќе: