Ново име и ново лого: Google најави големи промени поврзани со Android

Објавено на 24.08.2019 во Android



Ново име и ново лого: Google најави големи промени поврзани со Android

Го нема веќе „слаткиот“ Android. Google после десет години се откажа од досегашниот начин на именување на својот мобилен оперативен систем.

Името на секоја верзија на Android во следните години нема да биде како Pie, Lollipop, Oreo и слично, туку ќе биде именувана со цифри: Android 10, Android 11, итн. Има и ново лого, коешто може да го погледнете на видеото, за кое Google вели дека е „повеќе модерно и прифатливо“. Тоа што не се промени е малиот зелен робот, кој никогаш нема да се промени. „Роботот е тоа што го прави Android посебен. Го прави човечки, забавен и прифатлив“, вели Удеи Хандон, глобалрната директорка за брендот Android. 





 
Најнови телефони
 
 


{}