Honor ја претстави новата гејминг стратегија со Honor 20 Pro

Објавено на 25.08.2019 во Игри



Honor ја претстави новата гејминг стратегија со Honor 20 Pro

Gamescom саемот е совршено место за размена на иновации и планови за наредната година од страна на гејминг компаниите. Honor учествуваше исто така, кој ја претстави својата нова гејминг стратегија, чија главна цел е подобрување на мобилното играње преку технологијата, е-спортот и заедничкот развој.

Honor својата темелна гејминг стратегија ќе ја фокусира на три степени - повеќе од смартфон, повеќе од развој и повеќе од гејминг. Наклонетоста на играчите ја придобија со своите смартфони, произведени за играње. Така Honor 20 Pro е опишан како „gaming powerhouse“, кој едноставно и удобно се користи при играње на било кои игри што бараат јаки перформанси. 

Honor смета дека гејмерите сакаат нешто повеќе од смартфон, со цел да ги одржат своите гејминг навики, па го претставија Honor GamePad, додаток за Honor смартфоните, кои се уште пружаат добро гејминг искуство. Honor GamePad има шест типки, се поврзува со мобилен уред преку Bluetooth и нуди дополнителна батерија од 400mAh со USB-C конектор, со цел времето на играње дополнително да се продолжи. Honor GamePad е компатибилен со сите игри на пазарот што поддржуваат Bluetooth контрола. Конфигурацијата на типките се одредува во поставките на игрите. 

Honor View20 е пример за соработка на бренд за смартфони со гејминг студија. Тој има развиено спортски игри со контрола на движењата, како што се Fancy Skiing и Fancy Darts, користејќи ја компонентата на TOF 3-D камерата, која поддржува USB-HDMI врска за подобро доживување. Со оглед на тоа што 18% од корисниците на Honor се изјаснија како гејмери, Honor ја разгледува можноста за e-sport арената во партнерство со познати играчи и одржување на натпреварувањето на интернационално ниво.