Huawei Ascend 910: Претставен е најбрзиот чип со вештачка интелигенција

Објавено на 26.08.2019 во Новости



Huawei Ascend 910: Претставен е најбрзиот чип со вештачка интелигенција

Huawei има нов чип со вештачка интелигенција, со што може сериозно да им наштети на конкурентите Qualcomm и Nvidia. Кинескиот бренд дефинитивно не се спречува од напредок и иновации и покрај забраната од страна на Доналд Трамп. 

„Остваруваме голем напредок, откако во октомври, минатата година, ја најавивме нашата стратегија. Се оди според планот, од истражувањето и развојот, до лансирањето на производите“, соопштија од Huawei.

Ascend 910 е новиот чип на Huawei, базиран на вештачка интелигенција, кој е наменет за складирање на податоци. AI апликациите имаат потреба од ефикасно менаџирање со смарт алгоритмите, кои се во огромни количини. Поради тоа, процесот може да трае дури неколку недели, а Huawei тврди дека овој чип обработува податоци и помага тоа да се заврши за неколку минути.