Google со многу корисни алатки без специјална најава

Објавено на 26.08.2019 во Новости



Google со многу корисни алатки без специјална најава

Без големи најави, Google на Twitter ја најави новата функција за Google Photos. Со промените, сега ќе може полесно да ги пребарувате снимените фотографии и скриншотови. Со клик на опцијата Google Lens во апликацијата на Photos, врз фотографијата, може да кликнете врз текстот што ви треба и Google ќе го препознае, ќе го означи и ќе го прикаже на долниот дел на екранот. 

Со приказ на одбраниот текст, ќе се појават и опции за копирање на текстот, пребарување на Google со означен поим,превод на текст и споделување на текстови преку социјалните мрежи, мејлови, платформи за комуникација, итн. Со новиот начин за внесување на WiFi лозинка, ќе може да го снимате листот на којшто е запишана лозинката или да направите скриншот ако ја добивте лозинката преку мејл или порака. Google тврди дека овие функции ќе бидат достапни од овој месец.