Facebook знаел од 2015 колку е опасна Cambridge Analytica и не преземал ништо

Објавено на 26.08.2019 во Новости



Facebook знаел од 2015 колку е опасна Cambridge Analytica и не преземал ништо

Facebook објави интерни електронски пораки, во кои открива колку знаеле неговите вработени за аферата со Cambridge Analytica и тоа, две години пред да стигне аферата до јавноста. Пораките откриваат преписка меѓу вработените за потенцијална истрага поради собирање на лични податоци уште од септември, 2015 година.

За сето тоа подоцна кажа човек што не е вработен во Facebook. Во пораката поединецот појаснува дека Cambridge Analyitica е "најголема и најагресивна на конзервативната страна“, во индустријата во која податоците од социјалните мрежи се поврзуваат со гласачите. Facebook не бил свесен дека податоците биле продавани на Cambridge Analytica до декември 2015 година. Загрижувачки е тоа што вработените во Facebook веднаш ја препознале потенцијалната опасност во Cambridge Analytica, но никој во компанијата не реагирал, се до март 2018 година, кога аферата експлодирала во јавноста. Шефот на Facebook, Марк Цукерберг, досега не се огласни за овие наводи.

Автор: Aleksandar Stankov