Видео: Samsung Galaxy Note 10 против iPhone XS Max - Кој е поиздржлив?

Објавено на 27.08.2019 во Новости



Видео: Samsung Galaxy Note 10 против iPhone XS Max - Кој е поиздржлив?

Samsung направи големи подобрувања на дизајнот на Galaxy Note 10 во поглед на издржливоста на неговото тело кое целосно е изработено од стакло, како на предната така на задната страна, па затоа најдобро е да се види како се споредува со неговиот најголем конкурент засега iPhone XS Max кој има слична конструкција и големина.

Во непристрасниот видео тест на PhoneBuff се направија повеќе категории на тестирање на двата супер смартфони. Galaxy Note 10 доаѓа со најновото заштитно стакло Corning Gorilla 6, како и вградена фолија за заштита на екранот. iPhone XS Max исто така има заштита на предното стакло, но има поголема тежина напред па почесто паѓа со лицето свртено надолу.

Поголема штета се собира на задната страна на Galaxy Note 10 што е очигледно смислено од страна на Samsung поради распределба на тежината, па така иако трпи штети на задната маска екранот е целосно функционален и по десетина падови. Токму тука се гледа победата на Samsung Galaxy Note 10 против iPhone XS Max, па погледнете и сами.