Huawei Mate 30 Pro откриено дека ќе има Quad камера

Објавено на 27.08.2019 во Новости



Huawei Mate 30 Pro откриено дека ќе има Quad камера

Новиот најмоќен фаблет Mate 30 Pro на Huawei најверојатно ќе биде вистински ѕвер и во делот на камерата која сега благодарение на прикажана тизер слика се открива дека ќе има дури четири сензори со дополнителен LED блиц, а непотврдено останува само дали леќите ќе бидат дел од Leica брендот.

Quad камерата на Huawei Mate 30 Pro ќе биде составена од сензор со ултра широка леќа, потоа теле-фото леќа, една ултра голем сензор со 1/1.55” и 3D сензор со ToF технологија. Целосната промоција со сите детали за Huawei Mate 30 Pro ќе се одржи на 6 септември.