Колку плаќаат Македонците со платежна картичка во странство?

Објавено на 28.08.2019 во Новости



Колку плаќаат Македонците со платежна картичка во странство?

Македонци сметаат дека платежните картички се безбедни начин за плаќање во странство, при што 60% од оние што биле испитани за време на истражувањето спроведено од MasterIndex , плаќаат со платежни картички надвор од Република Северна Македонија.

53% од испитаниците плаќале во странство, 48% за сместување, 43% за храна и пијалоци, 20% за подароци. 22% од испитаниците на MasterIndex патувале 2 пати во годината, 21% еднаш годишно, и 18% еднаш во 3 месеци. 30% од сопствениците не патувале во странство.Инаку, истражувањето спроведено од истражувачката агенција МасМи за MasterIndex во Македонија, се однесува за периодот од април до мај и опфаќа примерок од 1.000 граѓани.