Facebook потивко престанува да биде бесплатен!?

Објавено на 28.08.2019 во Новости



Facebook потивко престанува да биде бесплатен!?

Шефот на Facebook со години повторува дека користењето на социјалната мрежа ќе биде секогаш бесплатно за корисниците. Изгледа и на тоа му дојде крај.

Facebook потивко го промени слоганот што го користеше уште од своето основање. Така на почетната страница веќе не стои "It's free and will always be" (Бесплатно е, и секогаш ќе биде), туку стои "It's quick and easy" (Брзо и едноставно). Промената се случи некаде на почетокот на август, а од Facebook се уште немаат коментар официјално за ова. Некои експерти веруваат и дека слоганот се променил поради промената на правилата од Европската Унија.