Нова алатка на Google против зависноста од смартфоните

Објавено на 29.08.2019 во Android



Нова алатка на Google против зависноста од смартфоните

Ние сме веќе зависни од нашите смартфони, кој повеќе, кој помалку. Таму имаме лични податоци, контакти, фотографии, различни картички, м-банкарство, различни белешки и потсетници. Смартфонот ни е за забава, но и пријател што нема никој друг во близина.

Не е чудно што пвоеќе луѓе страдаат од номофобија, страв од губење на смартфонот. Google е свесен за тоа, затоа развил алатка што може да помогне за контролирање на зависноста - Focus Mode. Новата алатка е достапна за Android Beta, а ќе стане достапна со Android 10. Идејата е со вклучениот Focus Modе, да се блокираат сите апликации што им пречат на корисниците, кои истите може сами да ги избираат.