Redmi Note 8 Pro официјално со 64 MP камера
Објавено на 29.08.2019 во Новости
Xiaomi преку својот суб бренд Redmi го лансираше првиот смартфон со 64 мегапикселна главна камера, како и други адути во хардверот кои гарантираат топ перформанси.
Redmi Note 8 Pro доаѓа со осум-јадрен Snapdragon 665 процесор, 6.5 инчен Full HD дисплеј, 8 GB RAM, 128 GB меморија, батерија со капацитет од 4500 mAh со брзо полнење и Android 9.0 оперативен систем.
Главниот адут на Redmi Note 8 Pro е неговата импресивно достапна цена од само 225 евра според азиските пресметки иако и во Европа не би требало да биде нешто многу поскап.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.