Опасност за Android корисниците, ако ја имате оваа апликација, избришете ја

Објавено на 30.08.2019 во Новости



Опасност за Android корисниците, ако ја имате оваа апликација, избришете ја

Малвер е пронајден во популарната апликација за Android CamScanner, која се наоѓа во Google Play Store, и преземена е над 100 милиони пати. Корисниците се многу задоволни од она што го нуди апликацијата. 

Текстот го ставате да го фати камерата и го дигитализира и веднаш го претвара во PDF формат. Има ли поубава и полесна алатка од оваа? CamScanner е веќе со години достапна на Google и таа е легитимна апликација, со која никогаш немало проблеми. Така со последната надградба е внесен малициозен код, преку кој на Android телефоните, без знаење на корисниците, може да го преземат малициозниот програм.