Lenovo најави нова серија на издржливи лаптопи

Објавено на 30.08.2019 во Новости



Lenovo најави нова серија на издржливи лаптопи

Пред IFA саемот, Lenovo ги најави најновите лаптопи од ThinkPad серијата, кои ќе бидат прикажани во Берлин. Lenovo тврди дека новите лаптопи ќе пружаат подобра продуктивност, поврзување и безбедност, изработени за иднината во работењето.

Најновиот X1 Carbon ќе биде со Intel процесор од 10-та генерација, претставник на првата комерцијална платформа на Lenovo од проектот Athena, спремна за целодневна работа со истоветно траење на батериите и Wi-Fi поврзување. Ажурираната линија на лаптопи се ThinkPad X1 Yoga, ThinkPad X390 и ThinkPad T490. За оние што бараат ThinkPad карактеристики со лесно прифатлив пакет, најавени се ThinkPad L13 и L13 Yoga лаптопите.





Прочитајте повеќе: